| четврток, 6 декември 2018 |

Не се разведуваат: Бекам ѝ купува остров на Викторија

Дејвид Бекам планира да ѝ подари цел остров на неговата сопруга Викторија за нивната годишнина.

Со овој подарок поранешната фудбалска ѕвезда сака да ја одбележи 20-годишнината откако првпат се запознал со сопругата на својот натпревар.

Според извор, Бекам веќе дури почнал да ги гледа островите околу Карибите, каде што Џони Деп, исто така, има приватна сопственост, во потрага на местото кое ќе стане совршен агол за пусти семејни одмори далеку од папараците и дрски фанови.

За купувањето Бекам предвидел буџет од 9 милиони фунти. И дури веќе планира да го крсти по најмалата ќерка Харпер.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top