Откако група норвешки студенти открија тајна соба на таванот во зградата каде што живеат, побараа помош и некој кој би можел да им каже повеќе информации за мистичната соба.

И ги добија. Локален новинар и историчар, кој ја видел веста на „Редит“, се појавил на нивниот праг за да им раскаже нешто повеќе за тесниот таван, одајата која всушност во Втората светска војна служела како место за печатење весници.

Војниците на отпорот кои работеле на таванот од крајот на декември 1944 година до март 1945, поголемиот дел од нивните информации ги добивале од радиото на „Би-Би-Си“. По неколку истраги од страна на Гестапо, тие морале да се преместат. Сепак, собата никогаш не била откриена од страна на Германците.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
„Киненова“: Ексклузивна програма „Фокус на Норвешка“ во Кинотека на Македонија
-
Поплави во Норвешка: Повеќе од 100 лица спасени од водената стихија (видео)
-
Норвешка бара 90.000 работници: Работите по 8 часа на ден, а платата ќе ви биде 7 000 евра
-
Влезе во историјата: Новрешка е најуспешна нација на ЗОИ, подобра и од Америка


