| четврток, 6 декември 2018 |

Пике поради стомачен вирус заврши во болница!

pike

Жерард Пике, најдобриот дефанзивец на Барселона, нема да настапи на денешниот дуел против Лас Палмас, откако синоќа, поради стомачен вирус заврши во болница.

Иако од таму е утврдено дека Шпанецот нема посериозни проблеми, Енрике одлучи да не ризукува со својот дефанзивец и да го отстрани од составот за вечерашниот меч.

До крајот на Примера преостануваат уште две кола, Реал и Барса имаат по 84 бода, но „кралевите“ имаат меч помалку, оној со Селта кој ќе се одигра на 17 мај.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top