| четврток, 6 декември 2018 |

Бошко Ѓуровски го забележа првиот триумф со Црвена Звезда во српскиот шампионат

crvena zvezda

Поранешниот македонски селектор Бошко Ѓуровски го оствари првиот триумф со „црвено-белите“ откако седна на клупата на Црвена Звезда. Неговиот тим славеше со 4-1 против Младост Лучани и се уште во трка за шампионската титула, иако Партизан има три бода предност на две кола до крајот на шампионатот.

Бошко Ѓуровски дојде на местото на Миодраг Божовиќ, кој поднесе оставка по поразот од Вождовац, по кој и Црвена Звезда ја загуби предноста во однос на големиот ривал Партизан.

Младост Лучани прв поведе со голот на Тумбашевиќ во 25.минута, а Боачи израмни пред самиот истек на првиот дел. Во второто полувреме Црвена Звезда беше убедлива и постигна три гола. Петковиќ ги доведе домашните во водство, Ристиќ зголеми на 3-1, а конечниот резултат го постави Милиќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top