| четврток, 6 декември 2018 |

Невозможна за фалсификување: Ова е најсигурната банкнота во светот

Швајцарската централна банка ја претстави новата банкнота од 20 франци за која вицегувернерот Фриц Зурбруг рекол дека би можела да биде најбезбедната банкнота на светот.

Црвената банкнота е изработена од хартија зајакната со памучни влакна, а во внатрешноста крие основа од полимер, пренесе Блумберг. Поседува околу 15 заштитни елементи, меѓу кои е глобус кој ја менува бојата, сребрена мапа на Швајцарија и крст кој се прелева во знамето на таа држава. Дел од елементите против фалсификување може да бидат видливи само под ултравиолетови светла или микорскоп. Банкнотата во оптек тргнува на 17 мај.

Notenhaufen 20er_50er, VS_RS

Notenhaufen 20er_50er, VS_RS

„Банкнотата од 20 франци се фокусира на швајцарската креативност, нагласувајќи ја вибратната култура и уметничка сцена“, рекол Зурбруг во текот на претставувањето во Берн, швајцарскиот главен град. Новите 20 франци се претставени по ланското пуштање во оптек на банкнотата од 50 франци која е прогласена за банкнота на годината 2016 во избор на меѓународно жири. Инаку, во конкуренција беа 18 валути, вклучувајќи ја и контроверзната банкнота од пет британски фунти изработени од целосна пластика.

Дизајнерите на новата серија на „швајцарецот“ се одлучиле за прикази на мотиви од природата наместо историски личности. Освен што користи најмодерни методи на заштита од фалсификатори, новите 20 франци се со помал формат од досегашните, па банкнотата е поедноставна за користење, соопштиле од централната банка.

Следна на ред за претставување е банкнотата од 10 франци која во оптек тргнува на 18 октомври. Банкнотите од 100, 200 и 1000 франци ќе бидат претставени до 2019 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top