Заменик-претседателот на Владата на Република Македонија и министер за надворешни работи Никола Попоски утре и задутре ќе учествува на форумот „Еден појас, еден пат” што ќе се одржи во Пекинг, Народна Република Кина.
Како што соопшти МНР, форумот е посветен на аспектите на реализацијата на кинескиот проект „Еден појас, еден пат” насочен кон инфраструктурно поврзување на Азија, Европа, Блискиот исток и Африка, со кој досега се опфатени 65 земји.
Предвидено е учество на 28 шефови на држави и влади, како и на голем број високи претставници на држави и меѓународни организации.
Попоски ќе има обраќање на Форумот во кое ќе ги елаборира ставовите и приоритетите на Република Македонија во контекст на проектот „Еден појас, еден пат”, како и натамошната билатерална соработка со НР Кина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.