| четврток, 6 декември 2018 |

Двојно намалени нивоата на реките во Македонија

Нивото на реката Вардар кај Скопје и Јегуновце и на Црна кај Новаци е двојно пониско од просекот за мај, покажува хидролошката состојба.

Како што соопшти УХМР, Вардар кај Велес и Демир Капија, како и Треска кај Македонски Брод се исто така под просечното ниво, нешто повеќе од двојно е намален водостојот на Црн Дрим, а драстично пониска вредност, според мерењата, покажува нивото на Сатеска кое деновиве се движело од два до седум сантиметри за разлика од мајскиот просек кој изнесува 38 сантиметри.

Приближно на просечното ниво за овој месец се Пчиња, Струмица и Крива Река.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top