Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа не успеа да се пласира во финалето на фјучрсот во Рим откако во полуфиналето загуби од Јулија Грабер од Австрија со 2:1, по сетови 6:4; 4:6 и 6:3.
Македонската го загуби првиот сет откако противничката имаше водство од 4:1 и 5:2 во гемови. Во вториот сет Ѓорческа успеа да се врати и при водство на ривалката од 3:1 во гемови доби два гема по ред без загубен поени за на крајот да го добие сетот со 6:4. Во решавачкиот сет Грабер повторно поведе со 5:2 што се покажа како решавачко.
Мечот траеше 1 час и 57 минути, а двете тенисерки освоија ист број поени (87:87).
Предноста на Грабер во мечот беше тоа што ги искористи сите брејк топки 6/6, а Ѓорческа имаше половична реализација – 5/10.
Ѓорческа турнирот ќе го заврши со 18 освоени ВТА поени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.