| четврток, 6 декември 2018 |

Кумановци порачаа: Борбата ќе продолжи и понатаму се додека не се распишат избори

Кумановци и вечерва се приклучија на маршот на иницијативата „За заедничка Македонија“ и уште еднаш побараа отфрлање на тиранската платформа, зачувување на унитарноста на државата и избори за кои велат, се единствено решение од оваа криза.

Кумановци овој пат тргнаа од соколанскиот парк, поминаа по централните градски улици и маршот го завршија во центарот на градот пред јарболот, каде се обрати Тони Трајковски, кој истакна дека граѓаните само сплотени можат да ја одбранат унитарноста на Македонија.
Тој нагласи дека оваа „борба“ ќе продолжи и понатаму се додека не се распишат избори на кои граѓаните ќе одлучат, како што рече, државата да оди во вистинска насока.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top