| четврток, 6 декември 2018 |

Охриѓани гласно порачуваат: Големо „не“ на постизборната тиранска платформа

Големо „не“ на постизборната Тиранска платформа. Граѓаните на Охрид никогаш нема да се сложат со двојазичност на цела територија на државата, со промена на националните симболи, името и нема да дозволат да бидат прогласени за геноциден народ. Тоа беше пораката што денеска ја упатија учесниците на протестот што во рамки на иницијативата „За заедничка Македонија“ се одржа во Охрид.

Ѓуро Јовчески побара од претседателот Иванов да го почитува Уставот и да не го дава мандатот на тој што не победил на изборите одржани во декември минатата година.

– Отфрлање на тиранската платформа во целост, во спротивно ние македонскиот народ ќе ги радикализираме протестите, ќе ги блокираме институциите и ќе направиме наша платформа за спас на Македонија, рече тој.

Гоце Китески упати порака до 120-те пратеници во Парламентот да овозможат нови избори.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top