Ивана Трамп, поранешната жена на сегашниот американски претседател, треба да донесе одлука со која може да го уништи Доналд. Неа и е понудено учество во новата сезона на „Големиот брат“, во кое ќе учествуваат само познати личности кои ќе се борат за 2 милиони фунти.
Сепак, ако таа прифати да влезе во шоуто, тоа ќе биде огромна опасност за претседателот на Америка, бидејќи во јавноста ќе излезат многу работи од неговиот приватен живот.
– Мала е веројатноста Ивана да се воздржи од коментари, кога цимерите би ја прашале нешто за поранешниот маж со оглед на тоа дека долго време не се заедно. За прв пат во историјата, Белата куќа ќе мора да внимава на ова шоу. Што и да каже Ивана на ТВ, би можело да му направи сериозни проблеми на Трамп, изјавил извор близок до Доналд.
Доналд и Меланија многу тешко го држат својот приватен живот далеку од очите на јавноста, а ова дополнително би го загрозило нивниот брак, за кој многумина веруваат дека е во криза. Ивана била во брак со Доналд 15 години, а причината за развод било неверството на Трамп. Заедно имаат три деца.
Имено, Ивана веќе има учествувано во шоуто, па не е далеку од одлуката повторно да учествува.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.