Ким Јонг Ун би можел да биде отстранет од власт, но за тоа ќе бидат потребни 175 милијарди долари, со кои би се подмитила неговата војска и високопозиционираната политичка елита, гласи теоријата на професорот Шепард Иверсон.
30 милиони долари би требало да му се дадат на секој висок службеник, а 12 милијарди долари би требало да бидат доволно за војската во Пјонгјаг да се увери дека треба да ја откаже послушноста.
Професорот Иверсон својата теорија ја објавил во книгата “Да се сопре Северна Кореја: Радикален нов пристап на решавање на прашањата во Северна Кореја”, каде наведува дек 175 милијарди долари би биле навистина доволно за Ким Јонг Ун да се отстрани од власт, но и да се обезбеди соработка со неговите луѓе и војската без испукан куршум.
Покрај веќе наведените трошоци, 23.3 милијарди долари би чинела лојалноста на моќните семејства вклучувајќи ги сите генерали, на кои би им се понудило, на секој по милион долари, додека на понискорангираните воени службеници, 50.000 од нив, ќе им се понудат од 100 до 500 илјади долари.
За останатите клучни луѓе без кои падот на Ким Јонг Ун не би бил можен, би требало да се издвојат 17,9 милијарди долари, додека 121,8 милијарди би им се платиле на обичните граѓани.
а да се избегне крвопролевање и воени интервенции, дополнителни 12 милијарди би се потрошиле на високи и средни воени службеници, како и стотина илјади долари на сите оние кои соработуваат со севернокорејската војска.
Парите за оваа екстремна шема на Иверсон би се побарале во приватниот сектор, кој во тој случај, би имал интерес, но би добил право за првенство на работење во државата.
Тој исто така е уверен дека без ваков модел ситуацијата во Северна Кореја никогаш нема да се реши, и дека таа засекогаш ќе остане нуклеарна закана за целиот свет.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст