Иако љубовта не е математика, а чувствата не можат да се опишат со бројки, научниците успеале да создадат вистинска математичка формула која би требало да открие колку Вашата врска ќе потрае.
Доколку сакате да знаете дали Вашата љубов е онаа вистинската, земете лист и пенкало, потсетете се на основните математички правила и почнете со пресметување:
Формулата е следна:
L= 8 + 5Y – 2P + 9Hm +3Mf + J – 3G – 5(Sm – Sf)2 + I + 1,5C
Варијабли:
L = Резултат т.е. предвидено траење на Вашата врска изразено во години
Y = Бројот на години на познавање на партнерите пред да ја започнат сериозната врска
P = Бројот на претходни партнери на двајцата (вкупно)
Hm = Колку на мажот му е важна искреноста во врската
Mf = Колку на жената ѝ се важни финансиите во врската
J = Збирот за тоа колку хуморот е важен во врската за двата партнери
G = Збирот на тоа колку на двајцата им е важен изгледот
Sm = Колку на мажите им е важен сексот во врската
SF = Колку на жените им е важен сексот во врската
I = Збирот за тоа колку на партнерите им е важен добриот однос со родителите (свекрва, свекор, тешт, тешта)
C = Збирот за тоа колку на партнерите им се важни децата (постоечки и идни)
Забелешка:
Секоја варијабла (освен оние од бројот на парнтери и времетраењето на врската) се вреднува од 1 до 5 (1 е “воопшто”, а 5 е “многу важно”).
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст