| четврток, 6 декември 2018 |

По албанското знаме во Собрание влезе и двојазичноста (фото)

soops640

Талат Џафери своето излагање пред присутните го почна на албански јазик, ги поздрави, а потоа средбата продолжи зад затворени врати.

Претходно, соопштенија на македонски и на албански јазик почнаа да доаѓаат од Собранието, што не било случај досега. Службата за информирање од законодавниот дом утрово испрати известувања во кои имаше прикачено два документа, еден на македонски и еден на албански јазик.

Се работеше за известувања дека претседателот на Собранието, Талат Џафери, ќе оствари средби со амбасадорите на земјите-членки на ЕУ.

Беа испратени две е-пораки со соопштенијата за средбите. Првиот пристигна во 10:13 часот и во него беше прикачен документ само на македонски јазик. По половина час, од истата имеил-адреса на службата за информирање од Собранието пристигна уште еден имеил, во кој, покрај македонскиот документ, беше прикачен документ и на албански јазик кој ја најавува истата средба со амбасадорите.
soopstenie_-_01

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top