Во Лимасол, место на јужниот брег на Кипар, продавниците со имиња на кирилица побројни се од оние чии називи се напишани на локален, грчки јазик.
Луксузните руски јахти се засидрени долж брегот, а во рестораните покрај боршч, задолжително се служи и вотка. Овој регион финансиски процвета и стана прибежиште на голем број пребогати Руси кои добиле пасоши на ЕУ.
Кипар долго време беше сигурно пристаниште за руските, но и другите офшор милијардери. Кипар, членка на ЕУ успеа да пронајде многу софистициран начин да ги замаскира големите пари кои се слеваат во неа, а тоа најдобро го прави преку давање на својот пасош.
Програмата почнала во 2013 година, после колапсот на банкарскиот систем и длабоката рецесија. Од тогаш на странците им е овзможено да за 6 месеци добијат пасош на Кипар, во замена за најмалку 2 милиони евра кои се инвестираат во недвижнини во Кипар или 2,5 милиони евра вложени во државни акции или компании.
Оттогаш Кипар издал околу 2.000 пасоши на странски државјани, од кои половина се отидени во рацете на Руси, а економијата на Кипар доживала вистински бум. Околу 4 милијарди евра странски инвестиции се слеале само во минатата година во буџетот.
Инаку пасошот на Кипар вреди злато. Тој овоможува патување без виза во дури 147 земји, вклучувајќи ја Велика Британија и Јапонија.
Освен Кипар и други земји даваат државјанства во замена за големо финансиско вложување.
Малта за свое државјанство бара 650.000 евра, плус вложување во недвижнини од најмалку 350.000 евра, како и дополнителни 150.000 евра вложување во државни акции.Не мора да се знае јазикот.
Во Португалија процесот на купување државјанство е малку покомлицирано. Покрај половина милион евра вложување во недвижнини, потребни се 6 години престој во земјата и течно зборување португалски.
Британците не даваат државјанство, туку неограничена дозвола за престој. Се разбира ако уплатите 2 милиони фунти.
Овие програми се нарекуваат и зелени инвестции и помагаат на градежната, угостителската и уште по некоја индустрија во одредени земји на Унијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.