| четврток, 6 декември 2018 |

Конгресмени во итна мисија на Балканот

Кон­грес­на де­ле­га­ци­ја во по­се­та на тен­зич­ни­от ре­ги­он ка­де што сѐ уште се спро­ве­ду­ва не­ус­пеш­на­та по­ли­ти­ка на Со­рос и на Оба­ма

Пре­тсе­да­те­лот на Ко­ми­те­тот за пра­во­судс­тво на САД, Боб Гуд­ла­те, пред­во­ди де­ле­га­ци­ја од 15 чле­на на ит­на ми­си­ја во Гр­ци­ја, БиХ, Ал­ба­ни­ја, Ма­ке­до­ни­ја, Ко­со­во и Ита­ли­ја, ка­де што сѐ по­ве­ќе до­ка­зи по­ка­жу­ва­ат де­ка фа­во­ри­зи­ра­ње­то од ера­та на Оба­ма про­дол­жу­ва – на ште­та на гра­ѓа­ни­те, ло­кал­ни­те ин­сти­ту­ции, ка­ко и на ре­ги­о­нал­на­та ста­бил­ност.

Кон­грес­на­та де­ле­га­ци­ја за­ми­на на де­сетд­нев­на истра­га во са­бо­та­та до­де­ка Кон­гре­сот па­у­зи­ра.

Вра­бо­тен во се­кто­рот за ко­му­ни­ка­ции во Ко­ми­те­тот за пра­во­судс­тво од­би да ко­мен­ти­ра на­ве­ду­вај­ќи без­бед­нос­ни при­чи­ни.

Иа­ко шест од де­вет чле­на што па­ту­ва­ат се ре­пуб­ли­кан­ци – вклу­чу­вај­ќи ги кон­зер­ва­тив­ци­те ка­ко Стив Кинг и Том Ма­ри­но – ка­ра­кте­рот на кон­грес­но­то па­ту­ва­ње во странс­тво за­ви­си од Стејт де­парт­мен­тот; во овој слу­чај, ам­ба­са­до­ри­те во се­ко­ја зем­ја се од ад­ми­ни­стра­ци­ја­та на Оба­ма кои про­дол­жу­ва­ат да спро­ве­ду­ва­ат нас­ле­де­на по­ли­ти­ка.

Те­шко е да се за­мис­ли де­ка де­ле­га­ци­ја­та ќе до­бие не­при­страс­ни ин­фор­ма­ции од ам­ба­са­ди­те, кои во го­ле­ма ме­ра ин­тер­ве­ни­ра­ле во ло­кал­на­та по­ли­ти­ка спо­ред зна­чај­ни за­ед­ни­ци во се­ко­ја зем­ја.

 

Ге­не­рал­ни­от об­ви­ни­тел про­тив ам­ба­са­да­та во Ти­ра­на

Оваа го­ди­на се ја­ви спор ме­ѓу Кан­це­ла­ри­ја­та на глав­ни­от об­ви­ни­тел во Ал­ба­ни­ја, по­ли­тич­ки не­у­тра­лен на­ци­о­на­лен ен­ти­тет, и аме­ри­кан­ски­от ам­ба­са­дор со ки­не­ско по­тек­ло, До­налд Лу.

– Пре­ми­е­рот Еди Ра­ма, под­др­жан од стра­на на ам­ба­са­до­рот на САД, ја уни­шти не­за­вис­но­ста на на­ше­то судс­тво. Под из­го­вор за суд­ски ре­фор­ми, тие ус­пе­ва­ат да го по­ли­ти­зи­ра­ат – из­ја­ви ед­на об­ви­ни­тел­ка од Ти­ра­на во те­ле­фон­ски раз­го­вор за „Аме­ри­кан спе­кта­тор“.

Еди Ра­ма, дол­го­го­ди­шен ли­дер на Со­ци­ја­ли­стич­ка­та пар­ти­ја, е бли­зок при­ја­тел на Џорџ Со­рос, чи­ја­што мре­жа е дла­бо­ко ин­вол­ви­ра­на во Ал­ба­ни­ја, во парт­нерс­тво со Ам­ба­са­да­та на САД на по­ве­ќе про­е­кти, ме­ѓу кои и про­е­ктот од 8,8 ми­ли­о­ни до­ла­ри на УСА­ИД за…, ве­ќе прет­по­ста­ву­ва­те, ре­фор­ми во судс­тво­то.

Ко­га и да изра­зев­ме струч­ни мис­ле­ња раз­лич­ни од Ам­ба­са­да­та на САД – струч­ни мис­ле­ња за раз­лич­ни при­ста­пи, Лу се лу­те­ше, ре­че об­ви­ни­тел­ка­та, ко­ја са­ка да оста­не ано­ним­на. Таа об­јас­ни де­ка Ве­не­ци­јан­ска­та ко­ми­си­ја на Европ­ска­та уни­ја, ко­ја има цел да по­мог­не да се спро­ве­дат ре­фор­ми­те по­треб­ни за усог­ла­су­ва­ње со европ­ско­то пра­во, че­сто бе­ше на стра­на­та на ал­бан­ски­те об­ви­ни­те­ли во тие тех­нич­ки спо­ро­ви.

Об­ви­ни­тел­ка­та до­да­де де­ка неј­зи­на­та кан­це­ла­ри­ја се оби­де­ла да да­де при­о­ри­тет на тр­го­ви­ја­та со дро­га и кри­ми­нал, на го­ле­ми­те проб­ле­ми во Ал­ба­ни­ја, до­де­ка аме­ри­кан­ска­та ам­ба­са­да ги отфр­ли­ла ма­сов­но­то одг­ле­ду­ва­ње ка­на­бис и из­во­зот, ве­леј­ќи де­ка тоа не е проб­лем на САД. Не­за­вис­ни­от ал­бан­ски пор­тал „Ег­зит“ (Exit.al) ги по­твр­ду­ва ди­вер­гент­ни­те при­о­ри­те­ти на ал­бан­ски­те пра­во­суд­ни ор­га­ни и на аме­ри­кан­ска­та ам­ба­са­да.

Спо­ред глав­ни­от об­ви­ни­тел Адри­а­тик Ла­ла, аме­ри­кан­ски­от ам­ба­са­дор каз­нил око­лу 70 об­ви­ни­те­ли и су­дии што не се сог­ла­су­ва­ле со не­го со од­зе­ма­ње на нив­ни­те аме­ри­кан­ски ви­зи.

Ка­ко од­го­вор, Ла­ла остро го кри­ти­ку­ва­ше ам­ба­са­до­рот Лу, об­ви­ну­вај­ќи го за ма­ни­пу­ла­ци­ја и уце­на, во же­сто­ко пис­мо об­ја­ве­но на веб-стра­ни­ца­та на кан­це­ла­ри­ја­та и на прес-кон­фе­рен­ци­ја во фе­вру­а­ри.

Ла­ла, исто та­ка, го об­ви­ни Лу де­ка се оби­ду­ва да ја спре­чи не­го­ва­та кан­це­ла­ри­ја да спро­ве­де истра­га за ко­руп­тив­ни­те пра­кти­ки на ки­не­ска­та фир­ма „Бан­керс пе­тро­ле­ум“.

Нас­ло­вот на „Ва­шин­гтон тајмс“ за овој конф­ликт пред три ме­се­ци гла­се­ше: „Стејт де­парт­мен­тот под вли­ја­ние на Со­рос си игра игри во Ал­ба­ни­ја“.

 

По­ли­тич­ка­та кри­за во Ма­ке­до­ни­ја

Не­за­до­во­лен по­ра­ди ло­шо­то упра­ву­ва­ње со сво­ја­та зем­ја, Еди Ра­ма по­сег­на во со­сед­на Ма­ке­до­ни­ја пре­диз­ви­ку­вај­ќи дла­бо­ка не­ста­бил­ност во агре­си­вен обид да им по­мог­не на ко­ле­ги­те со­ци­ја­ли­сти и на сонародниците Ал­бан­ци мус­ли­ман­и.
Се сме­та де­ка Ам­ба­са­да­та на САД со­ра­бо­ту­ва со со­ци­ја­ли­стич­ка­та пар­ти­ја во Ма­ке­до­ни­ја, ка­ко и во Ал­ба­ни­ја.

Ра­ма сви­ка со­ста­нок на три­те ма­ке­дон­ско-ал­бан­ски по­ли­тич­ки пар­тии (око­лу 15-20% од Ма­ке­до­ни­ја се ет­нич­ки Ал­бан­ци) и ја из­го­тви т.н. Ти­ран­ска пла­тфор­ма, опа­сен се­па­ра­ти­стич­ки до­ку­мент што му се за­ка­ну­ва на са­ми­от иден­ти­тет на Ма­ке­до­ни­ја.

Овие ал­бан­ски пар­тии по­тоа вле­гоа во ко­а­ли­ци­ја со ма­ке­дон­ски­те со­ци­ја­ли­сти и ба­ра­ат пра­во да фор­ми­ра­ат но­ва вла­да – про­тив вла­де­јач­ка­та кон­зер­ва­тив­на пар­ти­ја ВМРО-ДПМНЕ, ко­ја, сѐ до се­гаш­на­та кри­за, успеа да ја развие нај­ус­пеш­на­та сло­бод­на па­зар­на еко­но­ми­ја на Бал­ка­нот.

Низ це­ла­та зем­ја, Ма­ке­дон­ци­те ма­сов­но про­те­сти­ра­ат по­ра­ди Ти­ран­ска­та пла­тфор­ма и по­ра­ди ам­ба­са­до­рот Џес Беј­ли, кој се сме­та де­ка е про­тив ВМРО. Не­о­дам­на, конф­ликт из­був­на во Со­бра­ни­е­то.

По­втор­но, по­ве­ќе­то ло­кал­ни вла­сти има­ат раз­лич­ни при­о­ри­те­ти од ам­ба­са­да­та: Ма­ке­дон­ци­те со ве­ко­ви стра­да­ле од упа­ди од со­се­ди­те. Тие се најм­но­гу за­гри­же­ни за без­бед­но­ста, до­де­ка Аме­ри­кан­ци­те ги хра­нат нев­ла­ди­ни­те ор­га­ни­за­ции со па­ри за „мо­би­ли­за­ци­ја“ и за „акти­ви­зам“.

Ка­ко што на­пи­ша ма­ке­дон­ско-аме­ри­кан­ски­от ли­дер Бил Ни­ко­лов кон кра­јот на април, аме­ри­кан­ски­от Стејт де­парт­мент и аме­ри­кан­ска­та ам­ба­са­да во Ма­ке­до­ни­ја се ме­ша­ат во вна­треш­ни­те ра­бо­ти на Ма­ке­до­ни­ја пре­диз­ви­ку­вај­ќи ха­ос и за­си­ле­ни на­па­ди на ет­нич­ко­то по­тек­ло и на су­ве­ре­ни­те­тот на Ма­ке­дон­ци­те.

Ни­ко­лов го мо­ли пре­тсе­да­те­лот Трамп да се сме­ни кур­сот во ма­ла­та зем­ја, на се­вер од Гр­ци­ја.

 

Кри­за на вр­вот на кри­за­та во Гр­ци­ја

Ток­му ка­ко во Ал­ба­ни­ја и во Ма­ке­до­ни­ја, вла­да­та на САД отво­ре­но го под­др­жу­ва мла­ди­от ли­дер на ле­ви­ца­та во Гр­ци­ја, кој спро­ве­ду­ва по­ла­ри­зи­рач­ка по­ли­ти­ка ка­ко пре­ми­ер и пре­тсе­да­тел на пар­ти­ја­та СИ­РИ­ЗА (ко­а­ли­ци­ја на ле­ви­чар­ски ра­ди­кал­ни пар­тии).

На сво­ја­та пос­лед­на тур­не­ја низ Евро­па, аме­ри­кан­ски­от пре­тсе­да­тел Ба­рак Оба­ма ја по­се­ти Ати­на за да се ви­ди ле­ви­чар­ски­от грч­ки пре­ми­ер Алекс Ци­прас.

Оба­ма бе­ше за­штит­нич­ки на­стро­ен кон Ци­прас исто ка­ко што бе­ше Бил Клин­тон ко­га пре­ми­е­рот го по­се­ти Њу­јорк за да при­сус­тву­ва на на­стан на Гло­бал­на­та ини­ци­ја­ти­ва на Клин­тон во сеп­тем­ври 2015 го­ди­на.

Се­пак, ли­бе­рал­на­та ими­гра­ци­ска по­ли­ти­ка на Си­ри­за ко­га ја пре­зе­де вла­ста во 2015 го­ди­на бе­ше еден од нај­важ­ни­те фа­кто­ри во не­кон­тро­ли­ра­на­та бе­гал­ска кри­за што ја поп­ла­ви и за­гро­зи Евро­па. По не­кол­ку ме­се­ци од пре­зе­ма­ње­то на вла­ста, еден ми­ни­стер од СИ­РИ­ЗА об­ја­ви де­ка Вла­да­та ќе ги пре­тво­ри ка­па­ци­те­ти­те за при­твор на бе­гал­ци во при­фат­ни цен­три и де­ка ќе ја пре­ки­не агре­сив­на­та по­ли­ти­ка на иден­ти­фи­ку­ва­ње и де­пор­ти­ра­ње иле­гал­ни еми­гран­ти.

Во че­ти­ри­те ме­се­ци по дек­ла­ра­ци­ја­та на вла­да­та од април 2015 го­ди­на, де­ка си­те си­ри­ски бе­гал­ци ќе до­би­јат до­ку­мен­ти за на­та­мош­но па­ту­ва­ње во Евро­па, при­стиг­ну­ва­ња­та се зго­ле­ми­ја за 721%.

Ду­ри и се­га, еми­гран­ти при­стиг­ну­ва­ат од Тур­ци­ја – во зем­ја ко­ја сѐ уште не ја до­ве­ла сво­ја­та фи­нан­си­ска ку­ќа во ред.

Мо­же ли да му се ве­ру­ва на аме­ри­кан­ски­от ам­ба­са­дор де­ка точ­но ќе ја ин­фор­ми­ра кон­грес­на­та де­ле­га­ци­ја на Гуд­ла­те за ка­та­стро­фал­на­та кри­за што ја за­гро­зу­ва Гр­ци­ја?

Нај­ве­ро­јат­но, не. Ам­ба­са­до­рот Џе­фри Пјат бе­ше наз­на­чен во Ати­на ми­на­та­та го­ди­на по три­го­диш­на служ­ба во Ки­ев, ка­де што тој на­ши­ро­ко се сме­та­ше за под­др­жу­вач на пу­чи­сти­те, вклу­чу­вај­ќи го и Џорџ Со­рос.

Пјат е нај­до­бро поз­нат, мо­же­би, по те­ле­фон­ски­от раз­го­вор со по­мош­ни­кот на др­жав­на­та се­кре­тар­ка на САД, Ви­кто­ри­ја Ну­ланд, ко­ја ве­ли: „Е…. ти Евро­па“.

Иа­ко Ну­ланд под­не­се оста­вка по из­бо­рот на пре­тсе­да­те­лот До­налд Трамп, неј­зи­ни­от втор за­ме­ник-по­мош­ник др­жа­вен се­кре­тар за европ­ски и евро­а­зи­ски пра­ша­ња, Хојт Бра­јан Ји, и на­та­му е за­дол­жен за по­ли­ти­ка­та на Стејт де­парт­мен­тот на Бал­ка­нот.

Тој про­дол­жу­ва че­сто да па­ту­ва на Бал­ка­нот иа­ко пред са­мо не­кол­ку не­де­ли ма­ке­дон­ски­от пре­тсе­да­тел од­би да се срет­не со не­го за­тоа што е мно­гу воз­не­ми­рен од аме­ри­кан­ска­та ма­ни­пу­ла­ци­ја во не­го­ва­та зем­ја.

akt245-usa-Burnt-Flag

Ко­со­во

Ји бе­ше по­ен­ту­зи­ја­стич­ки поз­дра­вен од стра­на на функ­ци­о­не­ри­те во Ко­со­во, ка­де што аме­ри­кан­ски­от при­ти­сок и бом­бар­ди­ра­ње­то се зас­луж­ни за соз­да­ва­ње­то на ма­ли­от на­род од 1,8 ми­ли­он лу­ѓе. (Ре­пор­тер­ка­та за бал­кан­ска­та вој­на Ма­ша Ге­сен твр­ди де­ка бом­бар­ди­ра­ње­то на НА­ТО врз Ср­би­ја во 1999 го­ди­на, без да се кон­сул­ти­ра Ру­си­ја, соз­да­ло пре­се­дан во умот на ру­ска­та вла­да за ин­тер­вен­ци­ја на Ру­си­ја во Крим.)

Се­пак, ду­ри и во Ко­со­во, ло­кал­ни­те вла­сти се лу­тат на ди­ре­кти­ви­те од САД, кои се чи­ни де­ка че­сто се спро­ве­ду­ва­ат јав­но, а не ди­скрет­но или дип­ло­мат­ски.

На при­мер, Ји оти­де во При­шти­на кон кра­јот на март за да им на­ре­ди на на­ци­о­нал­ни­те ли­де­ри, кои раз­мис­лу­ва­ат за пре­тво­ра­ње на без­бед­нос­ни­те си­ли на на­ци­ја­та во фор­мал­на ар­ми­ја, да го трг­нат за­ко­нот од ма­са.

Ако САД не са­ка­ат При­шти­на да соз­да­де ар­ми­ја, то­гаш зо­што ги обу­чу­вав­ме и ги охра­бру­вав­ме со го­ди­ни?

Лес­но е за аме­ри­кан­ски­от ам­ба­са­дор Грег Де­ла­ви да об­ја­ву­ва не­при­јат­ни ви­деа на „Јут­јуб“ во кои жонг­ли­ра ка­ко кловн до­де­ка раз­го­ва­ра за про­е­кти за бор­ба про­тив ко­руп­ци­ја­та, но без­бед­но­ста не е ше­га за лу­ѓе­то што жи­ве­ат на Бал­ка­нот.

 

Не­сог­ла­су­ва­ња во Бос­на

Уште еден аме­ри­кан­ски ам­ба­са­дор што, изг­ле­да, пре­фе­ри­ра ама­тер­ска „ха­штаг“ дип­ло­ма­ти­ја пре­ку со­ци­јал­ни­те ме­ди­у­ми, ка­ко и јав­ни ин­ци­ден­ти со прет­став­ни­ци на на­ци­о­нал­но ни­во, е аме­ри­кан­ска­та ам­ба­са­дор­ка Мо­рин Кор­мак во Бос­на и Хер­це­го­ви­на – уште ед­на зем­ја за ко­ја САД по­мог­наа да се соз­да­де, ка­де што за стран­ска по­мош се по­тро­ше­ни 1,6 ми­ли­јар­да до­ла­ри на аме­ри­кан­ски­те да­ноч­ни об­врз­ни­ци.

Во рок од ед­на не­де­ла по при­стиг­ну­ва­ње­то во зем­ја­та во 2015 го­ди­на, таа об­ја­ви ста­ти­ја за на­став­на­та про­гра­ма на БиХ об­ви­ну­вај­ќи де­ка е ди­скри­ми­ни­рач­ка и со ет­нич­ки по­дел­би.

Из­ви­не­те, ам­ба­са­дор­ке Кор­мак, но Вла­да­та на САД соз­да­де на­ци­ја што се пот­пи­ра на ет­нич­ка по­дел­ба во Деј­тон­ски­от до­го­вор, па… до­бре дој­до­вте на ва­ше­то ра­бот­но ме­сто.

Оваа го­ди­на неј­зи­ни­от еска­ли­рач­ки ду­ел со ли­де­рот на бо­сан­ски­те Ср­би, Ми­ло­рад До­дик, пре­тсе­да­тел на авто­ном­ни­от срп­ски ре­ги­он, Ре­пуб­ли­ка Срп­ска – проб­ле­ма­тич­на ре­пуб­ли­ка во рам­ки­те на зем­ја­та – до­стиг­на но­ви ви­со­чи­ни: таа на­пра­ви Ми­ни­стерс­тво­то за фи­нан­сии на САД да во­ве­де санк­ции за пре­тсе­да­те­лот за­тоа што го сла­вел праз­ни­кот на пра­вос­лав­ни­те Ср­би, на 9 ја­ну­а­ри, Све­ти Сте­фан. Ка­ко од­го­вор на тоа, тој ја прог­ла­си за не­при­ја­тел­ка на Ср­би­те, ко­ја не е до­бре­дој­де­на во Ре­пуб­ли­ка Срп­ска.

До­бро сто­ре­но.

Ге­не­рал­но, ам­ба­са­до­ри­те од ера­та на Оба­ма ус­пе­а­ја да пот­тик­нат ет­нич­ки тен­зии (осо­бе­но во Ма­ке­до­ни­ја и во Бос­на) про­мо­ви­рај­ќи по­ли­тич­ки фа­во­ри­ти – пред сѐ со­ци­ја­ли­сти и чле­но­ви на мре­жа­та на Џорџ Со­рос (Ал­ба­ни­ја, Гр­ци­ја, Ма­ке­до­ни­ја) – до­де­ка ги од­да­ле­чу­ва­ат функ­ци­о­не­ри­те што зна­ат што е нај­до­бро за нив­на­та зем­ја (Ал­ба­ни­ја, Бос­на и Хер­це­го­ви­на, Ко­со­во, Ма­ке­до­ни­ја).

Др­жав­ни­от се­кре­тар Рекс Ти­лер­сон об­ја­ви ми­на­та­та не­де­ла де­ка САД ве­ќе не­ма да им на­ло­жу­ва­ат на дру­ги­те зем­ји да ги при­фа­ќа­ат аме­ри­кан­ски­те вред­но­сти.

На­ши­те ам­ба­са­ди на Бал­ка­нот очиг­лед­но сѐ уште не до­би­ле де­пе­ша за тоа.

 

Из­вор: „Аме­ри­кан спе­кта­тор“
Пре­вод: Ана Цве­та­но­ска

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top