Државната изборна комисија (ДИК) ги повикува граѓаните да направат увид во своите податоци во Избирачкиот список и, доколку е потребно, да побараат измена, дополнување или бришење на податоците.
Избирачкиот список, кој се става на јавен увид, е направен со податоци на граѓаните кои станале полнолетни заклучно со први февруари 2017 година.
Јавниот увид, како што информираат од ДИК, може да се изврши на нивната официјална веб-страница www.sec.mk и во подрачните одделенија и канцеларии на ДИК.
Барањата за измена, дополнување или бришење на податоците во Избирачкиот список, граѓаните ги поднесуваат во подрачните одделенија и канцеларии на ДИК.
Списокот на адреси на подрачните одделенија и канцеларии на ДИК, како и други подетални информации исто така може да се најдат на официјална веб-страница.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


