| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски: Ветувањето на Заев за 500 километи автопат ќе биде уште една огромна лага како онаа за вработување по еден член во секое семејство

– Економските проблеми на граѓаните се решаваат со нови инвеститори кои отвораат нови работни места и го стеснуваат бројот на невработени, а со тоа ги принудуваат работодавачите да ги зголемат платите и тоа да се зголеми животниот стандард - рече Груевски

Во коментар на најавата од СДСМ за изградба на 500 километри автопатска мрежа, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски потенцира дека нивнот лидер Зоран Заев е добро познат по ветувања коишто не ги остварува. И тоа ветување што е кажано за 500 километри автопат ќе биде уште една голема лага од типот на она ветување кое што своевремено го кажаа дека ќе има по еден вработен во секое семејство.

– 500 километри автопат во Македонија е како да се изгради нов комплетно автопат од Кавадарци преку Велес-Скопје до Белград. Тоа е ветувањето на Заев колку да имаат претстава граѓаните и ако тој изгради десет проценти од тоа треба да бидеме среќни и задоволни, но мислам дека ова ќе биде уште една огромна лага како онаа за вработување по еден член во секое семејство, изјави Груевски.

Груевски смета дека СДСМ со најавата дека ќе ја укине радиодифузната такса сака да го партизира јавниот сервис Македонска радио телевизија и да воспостави целосна контрола врз него ставајќи го потполно кон целосно финансирање преку буџетот. Укинувањето на радиодифузната такса, смета Груевски, нема да ги реши економските проблеми на граѓаните.

– Економските проблеми на граѓаните се решаваат со нови инвеститори кои отвораат нови работни места и го стеснуваат бројот на невработени, а со тоа ги принудуваат работодавачите да ги зголемат платите и тоа да се зголеми животниот стандард. Тоа е основната работа за подобрување за стандардот на граѓаните, а не да им се укине или не радиодифузната такса, што ќе се направи така што ќе се плаќа од буџетот, а од него ќе се скратат средства за некои други значајни инвестиции, изјави Груевски одговарајќи на новинарски прашања при денешната посета на Македонска Каменица.

Ако нешто води кон целосна контрола на Владата врз Македонската радиотелевизија, укажа Груевски, е тоа токму таа да зависи комплетно од парите од буџетот.

– Во овој случај она што го планира СДСМ е комплетна зависност на државната телевизија МРТ од буџетот. Ако сакаат да ги тераат кон независност треба да ги пуштат на слободниот пазар и да се финансираат од реклами и со радиодифузна такса, рече Груевски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top