| четврток, 6 декември 2018 |

Могерини: ЕУ ќе ги прими балканските земји по „Брегзит“

Високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Федерика Могерини изјави дека е „сигурна“ дека по заминувањето на Велика Британија од Унијата, „нејзината иднина нема да остане на 27 членки бидејќи ќе имаме нови земји-членки“.

– Мислам на балканските земји со кои преговараме за членство во ЕУ. Повеќето за тој процес зборуваат како процес на „проширување“, но јас повеќе закам да кажам дека тоа ќе биде повторно обединување на Европа – истакна Могерини во Њујорк, одговарајќи на прашањето дали „Брегзит“ ќе ја ослабне ЕУ.

На прашањето колку напредувале преговорите со земјите од Балканот во процесот за нивно членство во ЕУ, таа нагласи дека „благодарение на односот на секоја држава одделно со Унијата, постигнат е успех во голема мера да се излекуваат воените рани предизвикани од пред 20 години“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top