| четврток, 6 декември 2018 |

Мико: СДСМ во комбинација со албанските партии – рецепт за катастрофа

sobranie nemiri 27 04 2017 (12)

Маршот на божемните колонијални тирани продолжува. Притоа, се разбира, мислам на амбасадорите на САД и на ЕУ кои работат прекувремено за да го „признаат“ т.н. „спикер“ на македонскиот парламент, Талат Џафери, нивниот вазал во Македонија. И повторно: ако мора постојано да повторувате дека тој бил „законски избран“ и дека е „спикер“, ако мора да испраќате различни претставници на владите од ЕУ да се среќаваат со него, тогаш поттикнувате сериозни сомнежи во неговиот легитимитет. Вака или онака, вистината е дека неговата позиција како „спикер“ ќе биде засекогаш извалкана со недоверба и сомнежи. Целата таа несреќна епизода од 27 април води до ненамерни последици: последици што ја поткопуваат неговата позиција, неговите изјави и сè што излегува од парламентот. Брзајќи да го издејствуваат ова, тие заборавија на законот на ненамерните последици – пишува во својата колумна Џејсон Мико, менаџер за односи со јавноста од Аризона.

Мико, кој е долгогодишен набљудувач на состојбте во Македонија и во Југоисточна Европа, вели дека во Македонија има многу интересна комбинација: СДСМ, која ветува влада на левицата што ќе ги изгази традиционалните, конзервативни, општествени вредности на сите македонски граѓани, и ветува високи даноци и прераспределба на богатството во комбинација со албанските партии, на кои на крај памет не им е создавањето работни места и единствено сакаат позиции во владата и повластици придружени со албанските симболи кои либерално ќе се спрострат низ државата… тое е рецепт за катастрофа и од економски, и од политички и од аспект на надворешната политика.

-Ако навистина биде применет, тој ќе ги уништи сите придобивки што земјата ги стекна изминатата деценија и, без разлика што мислите за актуелната влада, Македонија економски драматично се подобро (тие што велат дека се уназадила одат повеќе пати на одмор надвор од државата и се секогаш поканети на настаните организирани од американската и од амбасадите од ЕУ). Општествено, политиките што ги спроведува актуелната влада имаат за цел да го зацврстат семејството зашто без развој на семејството, нема независна нација-држава. Но, повторно, токму тоа и го сакаат тираните претставени од американскиот и од амбасадорите од ЕУ- вазалска држава без етничко мнозинство, лојална и покорна на елитите во САД и во ЕУ – пишува Мико.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top