| четврток, 6 декември 2018 |

Не заборавајте: Овие работи за себе не треба да ги раскажувате никому!

Мудрите луѓе, како што се индиските духовни учители, кинеските мудреци, духовните водачи на северноамериканските Индијанци, советуваат дека некои работи за себе не се откриваат никому туку треба да ги чуваме како скапоцена тајна. И за тоа постојат добри причини. Овие работи држете ги за себе:

Догорочните планови

Не говорете никому што планирате се додека тоа не се оствари. Со зборување ја растурате енергијата која ќе ви биде потребна за доаѓање до целта. Многу луѓе се увериле дека кога многу зборуваат , нешто ќе тргне на лошо.Освен што со зборувањето ја растурате енергијата, им давате прилика на луѓето кои немаат добри намери да ви ги пореметат плановите.

Својот аскетизам

Ако сте избрале да се откажете од комфорот на модерниот живот за да живеете поздраво и помалку стресно, не зборувајте за тоа наоколу. Духовниот мир нема да го пронајдете ако вашето одрекување е ориентирано само на физичкиот аспект. Тоа што сте се откажале од некои работи во животот не значи автоматски дека сте подобри од другите луѓе, и затоа немојте на тоа да гледате на тој начин.

Добрите дела кои ги правите

Не фалете се наоколу кога ќе направите некое добро дело. Преголемата гордост ќе би ги одземе сите благодети и душевниот мир кој помагањето на другите ви ги носи. За вистинските добротвори ретко се знае и слуша. Тие помагаат во тишина бидејќи им е најважно да помогнат некому, а не во очите на другите да испаднат добри.

Својата храброст и јунаштво

Некои предизвици се видливи за другите, други не се. Мудреците велат дека некои луѓе добиваат надворешни предизвици и кога се фалат со нив и примаат награди и пофалби , примаат награди и пофалби. Меѓутоа постојат и предизвици кои се служуваат внатре во човекот и никој не знае за нив. Затоа, кога сте направиле нешто храбро со што би се пофалиле, подобро задржете го тоа за себе. До вас можеби стои човек кој имал многу потешки борби во животот и ги победил, но за тоа не зборува.

Семејните проблеми

Што помалку зборувате за проблемите во своето семејство, со тоа тоа ќе биде посилно и постабилно. Не зборувајте за тоа премногу ни на своите пријатели бидејќи некои работи се решаваат внатре во семејството. Да речеме, кавгата меѓу партнерите е ослободување од негативната енергија која се насобрала во процесот на лошата комуникација меѓу нив, и тоа треба да се реши. Избегавајте, општо, на луѓето околу себе да им зборувате многу за својот приватен живот. Никогаш не заборавете дека постојат поединци кои се радуваат на туѓата несреќа.

Грди зборови и озборувања кои ги слушате

Воздржете се од доаѓањето дома и прераскажувањето на лошите работи кои сте ги чуле и виделе во текот на денот . Кога негде ќе слушнете озборување и ќе го раскажете на другите, не сте ништо подобри од оној кој ви го раскажал на вас.Освен тоа, тоа од вас ќе ја извлече позитивната енергија и ќе ве наполни со негативна,сакале вие тоа или не. Колку повеќе некого го озборувате, нивото на лошата енергија во вас станува се поголема и на крајот всушност ќе се чувствувате лошо.Затоа, запрашајте се како би се шувствувале вие некој да зборува лошо за вас наоколу.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top