Лепа Брена е една од ретките јавни личности која често го истакнува значењето на прегледот и тестовите за навремено откривање на ракот на дојка. Овој пат таа се осврна на ракот на јајници и испрати силна порака до жените:
-Познато е дека овој карцином покрај карциномот на дојка е еден од најчестите заболувања кај жените. Станува збор за карциноми кои кога ќе се откријат е предоцна, драстично ја намалуваат можноста за лекување и последиците се трагични. Од тие причини решиов да направам тест, едноставен тест кој ги анализира гените кои доведуваат до врска со настанок на карцином. На овој начин ќе се заштитам и себе си но и своите најблиски, бидејќи овие гени се наследни. Знаењето на водечките светски стручњаци од Харвард е достапно од неодамна и во Србија и затоа ве повикувам сите вас-жени, сестри, мајки, пријателки да се грижиме за себе, напиша Брена.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.