| четврток, 6 декември 2018 |

Уапсен бизнисмен осомничен за шпионажа

52-годишен грчки бизнисмен бил уапсен во Албанија, поради сомнеж за шпионажа.

Во чантата на уапсениот бизнисмен биле пронајдени разузнавачки материјали.

Тој е сопственик на градежен бизнис во Албанија. Медиумите во Албанија веќе објавиле дека во нивната држава, на аеродромот во Тирана е изведена акција апсење на лице осомничено за шпионажа. Грчката амбасада во Тирана е известена за апсењето на државјанин на Грција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top