| четврток, 6 декември 2018 |

Од кого имале информација Заев и Ахмети дека ќе има насилство во Собрание?!

sobranie nemiri 27 04 2017 (33)

– Имавме информации од луѓе на кои што им веруваме во безбедносните служби и знаевме дека се спрема нешто, и очигледно беше дека имаше потфрлување, но замислете сценарио ако Али Ахмети беше во Собранието и беше нападнат на тој начин – рече пратеникот на ДУИ, Артан Груби, во изјавата која ја даде откако денеска беше повикан да даде исказ во Основното јавно обвинителство за настаните во Собранието од 27-ми април.

Претходно и лидерот на СДС, Зоран Заев посочи дека со лидерот на ДУИ, Али Ахмети, се договориле едниот од нив да не биде присутен во собранието на 27 април.

-Отсуството на Али Ахмети беше осмислено, и со причина. Причината претпоставувам дека самите можете да ја извлечете со анализа. Тоа беше координирано и договорено, со намера да не биде присутен таму – посочи Заев.

Низ социјалните мрежи се коментираше дека 27-ми април е договорено сценарио однадвор со двете политички партии СДС и ДУИ со цел да се предизвика инцидент со народот. Дали ова е само уште еден доказ дека се беше направено со цел да се сврти вниманието од нелегитимниот и неуставен избор на Талат Џафери?!

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top