| четврток, 6 декември 2018 |

Дамовски: Тужбата е комплексна, ако нашите судови не одговорат ќе одиме на меѓународните

Имаме одлични правници на нашата страна. Тужбата е комплексна, ќе треба и други специјалисти, професори да се приклучат, но тоа ќе биде една касетна бомба како што е народот бомба. Кога ќе се отвори и кога ќе удри по поединци, по меѓународни мешетари со прави и факти. Ако нашите судови не одговорат, ќе одиме на меѓународните, истакна денес од пред законодавниот дом Борис Дамовски од граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“.

-Една имавме во Хаг ја добивме. Радоста и надежта нека нè сплотат. Секој од нас, десетици илјади ќе се потпишат на таа тужба затоа што секој од нас е оштетен од оваа ситуација. Душевната болка, на која сакаат да се повикуваат, е огромна посебно кога станува збор за душата на еден народ. Овие понижувања, местенки, прекршувања на правото нема да поминат, истакна Дамовски.

Радувајте се и не предавајте се, им порача Дамовски на присутните граѓани.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top