| четврток, 6 декември 2018 |

Полошо и од молотв коктел: Демонстрантите во Венецуела пронајдоа ново оружје за пресметките со полицијата

Демонстрантите во Венецуела измислија ново „оружје“ кое го користат против полициските сили – ефектот на оваа „бомба“ не е опасен, но е прилично „незгоден“.
После 6 недели пресметки на демонстрантите и полицијата во Венецуела, демонстрантите измислија ново оружје. Можеме слободно да кажеме дека тие користат „органско оружје“ на кое што ниту Женевската конвенција не може да му најде маана. Барем не легитимна.
Имено, демонстрантите користат измет кој го складираат во пластични кутии и потоа го фрлаат на полициските кордони. Многумина од нив се шегуваат и велат дека полицајците повеќе се плашат од ваквите „бомби“, отколку од Молотовите коктели.

-Тие имаат солзавец, ние имаме измет, е само една од пораките кои што кружат на социјалните мрежи и ги промовира овонеделните протести кои што симболично се наречени го*нен марш.

Во Венецуела веќе со недели стотици илјади луѓе излегуваат на улиците бесни на владата предводена од омразениот претседател Николас Мадуро. Со троцифрена инфлација, недостаток на основни лекови и недостаток на храна, милиони граѓани на Венецуела се подготвени со сила да го срушат системот.

-Младите излегуваа со камења на улиците. Тоа е нивното оружје, но сега имаат ново, многу поопасно оружје, изјавила 51-годишна жена за западните медиуми.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top