| четврток, 6 декември 2018 |

Во Нов Зеланд се роди бебе тешко 7,39 килограми

Во Нов Зеланд се роди бебе тешко 7,39 килограми. Според пишувањата на новозеландските медиуми, се претпоставува дека тоа е најтешкото бебе родено во Нов Зеланд.

Имајќи ја предвид големината на бебето, породувањето било со царски рез и траело три часа. Бебето било долго 57 сантиметри и е во добра здравствена состојба.

Во семејство во кое е родено најтешкото бебе во Нов Зеланд има историја на крупни бебиња, па така и неговиот брат бил роден 5,4 килограми.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top