Министерството за финансии на РМ ја чека одлуката на Уставниот суд за да ги исплати субвенциите на земјоделците.
Од Министерството за финансии истакнуваат дека не ја добиле одлуката, но оти буџетот е ликвиден и има средства во државната каса.
Уставниот суд денеска донесе одлука според која нема законска пречка Министерството за финансии да не ги исплати парите наменети за субвенционирање на земјоделците пред да се формира влада.
Иницијативата до Уставниот суд беше поднесена од земјоделското здржение „Агротиквешија“ со која се бараше оспорување на членот од Изборниот законик, според кој е забранета исплата на субвенции се до формирање нова влада.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.