| четврток, 6 декември 2018 |

Претседателот Иванов останува на својот став: Да се обезбедат гаранции за зајакнување на унитарноста на државата

ivanov-14

Писмото од Собранието на Република Македонија е пристигнато во кабинетот на Претседателот на Република Македонија, вчера на 09.05.2017 година.

Претседателот Иванов очекува од лидерот на СДСМ да го исполни јавно искажаниот збор дека: „заедно со коалиционите партнери ќе обезбедат гаранции за зајакнување на унитарноста на државата и дека сè ќе биде во согласност со Уставот на Република Македонија”, велат од кабинетот на Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов за МИА. ­

– Претседателот Иванов останува на ставот дека танаречената платформа од Тирана, ниту кој било друг документ, акт или дејствие спротивни на Уставот на Република Македонија, не може да биде услов, ниту пак основа за формирање и дејствување на Влада во Република Македонија. Македонскиот претседател, во однос на определување мандат, ќе постапи согласно Уставот и досега воспоставената практика, велат од кабинетот на македонскиот претседател.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top