Македонија денеска ќе биде домаќин на најмасовното излегување на љубители на јогата. На првиот скопски „Јогатон“ што ќе се одржи во Градскиот парк во Скопје ќе присуствува Свами Ваишампајан, светски признат учител за медитација и јога од невладината фондација The Art of Living.
Јогата како древна дисциплина стара повеќе од пет илјади години се повеќе се практикува во земјите ширум светот. На 21 јуни оваа дициплина ќе го прослави и третиот роденден откако доби и свој интернационален ден.
На овој ден јогините масовно излегуваат и практикуваат јога на необични локации.
Од 12 до 14 мај во Македонија ќе се одржи и Happiness семинарот, кој е организиран од невладината фондација „The Art of Living” Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст