| четврток, 6 декември 2018 |

Грозданов: Здравјето е во умната и прецизна мисла, а нашата мисла е една, а тоа е мислата за Македонија

zzm3Постојат мудреци, ама постојат и мудреци безвремени кои ја создале цивилизацијата во Европа, но денеска што имаме? Имаме мудреци современи, мудреци од лудило обземени, мудреци за власт заслепени и тоа е срамота, вели поетот и новинар, Борче Грозданов.

-Здравјето е во умната и прецизна мисла, а нашата мисла е една мислата за Македонија, во книгата над книгите се вели, кој тебе со камен ти нему со леб, но што ако камењата се куп а лебот трошки, ќе ги делиме, да јас велам да ги поделиме, едното да го посееме за да повторно никне, а со каменот да градиме а не да разградуваме и да дупнуваме глави, оти ова што го прават овие овде скриени зад стакло и железо забораваат дека целата цивилизација започнала од земја, камен и леб, истакна Грозданов.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top