Вчера околу 18.00 часот во Тетово на ул. „Илинденска“, додека полициски службеник се движел со возило во правец кон излез од градот за Гостивар, пред него излегол „фоксваген голф“ со германски национални ознаки, управувано од Б.Ј. (32) од с.Слатино, општина Теарце, кое се движело неконтролирано по коловозот.
Го престигнал возилото и го запрел, каде го предупредил Б.Ј. на неговото однесување како и можното загрозување на сообраќајот. После тоа Б.Ј. почнал да му се заканува, а потоа и физички го нападнал со тупаница во пределот на главата по што полицискиот службеник паднал на асфалтот, а Б.Ј. продолжил да го удира со клоци и тупаници по целото тело, по што го напуштил местото на настанот.
Во Клиничката болница Тетово на полицискиот службеник му била укажана лекарска помош и му биле констатирани тешки телесни повреди.
Истиот ден во просториите на СВР Тетово, во присуство на адвокат, извршен е разговор со Б.Ј. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


