| четврток, 6 декември 2018 |

Извлечени групите за мундијалските квалификации

Во кинескиот град Гвангжо беше одржанa ждреpка за квалификациите за Светското првенство кое во 2019 ќе се одржи во Кина. Вкупно 24 земји беа распоредени во осум различни групи, а во октомври групите ќе бидат комплетирани откако уште осум земји ќе добијат шанса за место во квалификациите.
Последните осум земји се репрезентации кои ќе се натпреваруваат во претквалификациите.

Па така, на патот кон квалификациите за Светското првенство на македонската репрезентација во машка сениорска конкуренција и стојат селекциите на Естонија и на Косово. Македонската национална селекција со овие две земји ќе се натпреварува во август.

За селекциите од Европската зона на Светското првенство се резервирани 12 места. Квалификациите ќе бидат одиграни во шест месеци, односно во ноември оваа година, додека во наредната во февруари, јуни, септември, ноември и февруари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top