| четврток, 6 декември 2018 |

Верата не му дозволува да остави отпечаток, но благословен е да краде: Уапсен јеховин сведок сериски пљачкосувач

Српскиот државјанин Раденко Јовановиќ (37), за кого се подигнати две потерници, бил уапсен во италија во редовна сообраќајна контрола. На полицијата ѝ приложил лажни документи, а кога полицајците се посомневале дека нешто не е во ред, го замолиле да појде со нив во полициска станица. Раденко одбил да да остави отисоци, оправдувајќи се дека е во сектата Јеховини сведоци и дека верата не му дозволува.
истрагата покажала дека фиат пунтото во кое бил запрен било регистрирани на човек на кој се водат дури 380 автомобили. Личната карта и возачката дозвола биле оштетени избледени, а издадени од хрватските власти.
– Се испостави дека документите се лажни, едвај го натеравме да остави отпечатоци. Раденко Јовановиќ е сериски пљачкаш, ограбувач на банки, и сериски измамник за кого се распишани две потерници. Главно работел во Ломбардија, а ограбѕвал така што се претставувал како полцаец, соопштува италијанската полиција.
Во затвор ќе остане две години.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top