| четврток, 6 декември 2018 |

Промоција на книгата „Град без љубов“ од Александар Петров

На 8 мај (понеделник) во „Кино Култура“ со почеток во 20 часот ќе се одржи промоција на книгата „Град без љубов“ од Александар Петров, која неодамна ја објави издавачката куќа „Темплум“ од Скопје. За книгата ќе зборуваат Невена Георгиева, Дејан Ивановски и Даниела Симоновска.
Александар Петров е архитект што дипломирал на универзитетот во Ферара (Италија), во класата на Џовани Корбелини. Како стипендист на регионот Емилија Ромања стручно се усовршува во Загреб, под водство на професорот Хрвоје Њириќ. Од 2006 година работи во различни архитектонски студија меѓу Џенова и Милано. По краткиот престој во Мелбурн се насочува кон проектирање инфраструктури, а од 2013 година постојано е ангажиран на проектот за проширување на Аеродромот „Марко Поло“ во Венеција. Има изведено и различни објекти низ Скопје и Милано.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top