| четврток, 6 декември 2018 |

Што пишува Хитлер за Македонија во 1939 година: И нацистичка Германија се плашела од „македонско сценарио“

Во 2017 многу европски политичари и медиуми предупредуваат дека во нивните земји може да се случи „македонско сценарио“ - дестабилизација на земјите од фактори од надвор. Слично било и во 1939 г., кога на три дена пред почетокот на Втората светска војна, Хитлер ги предупредил Французите дека нема да дозволи во Полска да се реализира „македонско сценарио“

„Ќе бидам јасен: Коридорот Гдањск мора да ѝ се врати на Германија. Македонското сценарио на нашата источна граница мора да биде спречено“, пишува Адолф Хитлер на 27 август 1939 во неговото писмо до тогашниот француски премиер Едуард Деладие, во кое полемизираат за ситуацијата во Полска.

Само три дена по писмото на Хитлер, на 1 септември 1939, е означен официјалниот почеток на Втората светска војна, кога нацистичка Германија врши инвазија токму над Полска, каде што Хитлер го спречувал „македонското сценарио“.

Историски гледано, прв пат терминот „македонско сценарио“ (гер. Die mazedonischen Zustände) го употребил Ото фон Бизмарк, но во контекстот на Хитлер терминот бил оправдување за почеток на војна. Овој термин и денес, благодарение на последната политичка криза се користи во медиумите и на политичките говорници не само на Балканот, туку и низ Европа. Денес во Србија, Унгарија, Австрија, Русија, Бугарија и во многу земји на стариот континент, секојдневно некој предупредува дека во неговата земја се реализира „македонско сценарио”, односно структури однадвор преку политички фактори однатре ќе инсталираат сценарио за дестабилизација и распад на земјата, објави „Вечер“.

 

Што значело за Хитлер „македонското сценарио“?

hitler za makedonija

Македонската состојба (гер. Die mazedonischen Zustände) за Хитлер претставувала „немирни граници“, а тој токму тоа сакал да го избегне. Во исто време под „македонско сценарио“ се дефинирало и територија на која живее еден народ да биде поделна помеѓу повеќе други народи.

Хитлер знаел дека доколку остане нерешен проблемот со Коридорот Гдањск (кој тогаш бил поделен исто како и Македонија), неговите експанзионистички идеи не можеле да се реализираат. За Хитлер „македонското сценарио“ морало по секоја цена да биде спречено. На Балканот поради македонско сценарио, според него, почнале Првата па потоа и Втората балканска војна, а се ова ќе биде загревање за Првата светска војна, во која Хитлер ќе биде на првата линија на фронтот од почетокот (1914) до самиот крај (1918).

Хитлер не е првиот германски политичар кој ќе предвиди дека од Балканот можат да дојдат големи проблеми во тогаш цврста и силна католичка Европа. Само една година пред неговата смрт (1897), идеологот на современа Германија, Ото фон Бизмарк, точно ќе предвиди „Големата војна ќе почне поради некоја глупост на Балканот“, што се остварува со сараевскиот атентат на австрискиот престолонаследник Франц Фердинанд.

На 4 мај 1940 г. Хитлер во Берлин одржал победнички говор каде што пред Рајхстагот ќе го опише воениот поход и окупацијата на Кралството Југославија и Грција. Тогаш првпат тој ќе го употреби зборот „Македонци“, иако македонскиот народ во тој момент не бил признаен ниту од Кралството Југославија, ниту од Кралството Бугарија, ниту од Грција, помеѓу кои бил разделен.

hitler za makedonija

– Македонците кои беа заробени беа веднаш пуштени на слобода – вели Хитлер во својот говор за кој постои и аудиозапис. Во говорот Хитлер ќе ги спомне и градовите каде ќе поминат германските тенкови како Скопје и Солун. Во истиот говор Хитлер им се заблагодарува на Унгарците и на Бугарите со кои, пак, се во сојуз исто како и за време на Првата светска војна.

Целиот текст можете да го прочитате на „Вечер“.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top