| четврток, 6 декември 2018 |

Макрон води со над 60 отсто гласови на претседателските избори во Франција

Францускиот претседателски кандидат, центристот Емануел Макрон води со 60 отсто гласови, најавуваат повеќе белгиски и швајцарски медиуми велат дека повеќе нема сомнеж дека тој е идниот француски претседател.

Француските медиуми имаат забрана да објавуваат било каков резултат се до 20 часот кога ќе биде објавено името на победникот. Но другите франкофонски држави кои со големо внимание и детално ги следат овие избори немаат таква обврска.

Според белгиската франкофонска телевизија РТБФ Макрон добил до 17 часот 62 до 64 отсто гласови. Но бројот на бели ливчиња е исто така голем.

Излезноста до 17 часот била 65,30 отсто што е значително помалку отколку пред две недели за првиот круг на изборите кога излезноста во 17 часот била речиси 70 отсто. Излезноста е помала и во споредба со вториот круг на изборите во 2012 година и изнесувала 71 отсто.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top