| четврток, 6 декември 2018 |

Битола: Мртов маж пронајден позади манастирот „Свети Ѓорѓија“

Вчера во 17 часот и 50 минути, во атарот на село Велушина, битолско, позади манастирот “Свети Ѓорѓија“ било пронајдено починато непознато машко лице на возраст од околу 60 години.

Од страна на екипа од Итна медицинска помош била констатирана смрт без траги на насилство, односно дека се работи за природна смрт.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top