Протестите на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ продолжуваат утре, традиционално во 17 часот пред Владата на РМ. Граѓаните, како и досега, ќе маршираат по, како што ја нарекуваат, патеката на државноста, сѐ до Собранието.
За време на викендите, иницијативата не одржува граѓански маршеви, туку други активности. Во текот на вчерашниот ден, односно 69 ден од почетокот на протестите, беше организирана панел-дискусија на тема случувањата во Собранието на 27 април.
На панел-дискусијата говореа Богдан Илиевски од „За заедничка Македонија“ и професорите Иванка Додовска и Александар Даштевски, според кои изборот на Талат Џафери за претседател на Собранието е нелегален затоа што се коси со Уставот, Законот и со Деловникот.
Зачувување на унитарноста на државата, не за двојазичност, отфрлање на тиранската платфора, избори и попис, се дел од пораките што се испраќаат од организаторите од граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“.
Граѓаните бараат од институциите да поведат постапка за сите, како што велат, што се обидоа да извршат државен удар и вон сите процедури кршејќи го Уставот да избираат претседател на Собранието.
Од „За заедничка Македонија“ секојдневно ги повикуваат сите граѓани да дојдат во што поголем број и да чекорат по патеката на државноста бидејќи друга патека и држава немаат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст