| четврток, 6 декември 2018 |

Хитлер во тестаментот: Не сакав јас војна, Англичаните ја предизвикаа!

Последната волја и тестамент на Адолф Хитлер заврши на 29-ти април, по полноќ. Двата документи, неговиот приватен и политички тестамент, фирерот ѝ ги издиктирал на својата секретарка, Трaудил Јунге, а отоа одлучил да се ожени со својата љубовница Ева Браун, со која бил во врска без прекин од 1932-та година.

Ова е политичкиот тестамент на Адолф Хитлер, ви го пренесуваме во целост:

Мојот политички тестамент
Поминаа повеќе од 30 години од 1914-та година, кога го дадов мојот скромен допринос како волонтер во Првата светска војна, која ја водеше Рајхот.

Во овие три децении, љубовта и верноста кон мојот народ ги водеа моите мисли, акции и мојот живот. Тие ми даваа сила да ги направам најтешките одлуки кои некогаш биле ставени пред смртник. Во овие три децении ја потрошив сета своја сила и здравје.

Не е точно дека јас или било кој друг во Германија ја сакавме војната од 1939-та година. Тоа го сакаа и провоцираа единствено меѓународните државници кои беа или со еврејско потекло или работеа за еврејски интереси. Јас дадов премногу понуди за контрола и ограничување на вооружувањето, што потомството нема да може засекогаш да биде во можност да го игнорира ова и одговорноста за избувнувањето на војната да биде на мој грб. Ниту пак јас сакав, после фаталната Прва светска војна, да следи втора против Англија или пак против Америка. Векови ќе поминат, но од урнатините на нашите градови и споменици омразата кон оние кои се одговорни секогаш ќе расте одново, против народот кој е крив и кому можеме да му се заблагодариме за сето ова: Евреите и нивните следбеници.

Само три дена пред избувнувањето на германско-полската војна, повторно јас му предложив решение за овој проблем на британскиот амбасадор во Берлин – интернационална контрола како во случајот во областа Сар. Оваа понуда исто така не може да биде негирана. Таа беше одбиена само поради тоа што владејачките кругови во Англиската политика ја сакаа војната, поради комерцијални причини и развој на бизниси, а делумно поради влијанието на пропагандата организирана од интернационалните Евреи.

Исто така, кажав сосема јасно дека, доколку народите на Европа уште еднаш бидат приморани да се поделат и да се гледаат како на акции, да се купуваат и продаваат од страна на овие меѓународни заговорници во пари и финансии, тогаш единствената одговорност за масакрот кој ќе следи ќе мора да им биде препишан на вистинските злосторници: Евреите. Понатаму, им дадов до знаење на сите, дека немам никаков сомнеж дека овој пат не само што милиони деца од Ариевска раса ќе умрат од глад, и не само што стотици илјади жени и деца ќе бидат изгорени и бомбардирани до смрт во нашите градови, тоа се ќе се одвива без да им се суди на вистинските виновници, дури ако треба и на хуман начин.
По шест години на војна, која и покрај сите неуспеси еден ден ќе влезе во историјата како најславна и херојска манифестација на борба за опстанок на народот, јас не можам да го напуштам градот кој е престолнина на Рајхот. Како што нашите сили слабеат и веќе се премногу слаби за да го запрат нападот на нашиот непријател и нашиот отпор постепено слабее поради суштествата кои се подеднакво слепи колку што немаат ни карактер, јас би сакал да ја делам судбината со оние милиони други кои одлучија да останат во овој град. Но нема да паднам во рацете на непријателот кој бара нов спектакл, управуван од страна на Евреите, за лична забава на нивните хистерични маси.
Поради тоа одлучив да останам во Берлин и доброволно да ја одберам смртта кога самиот ќе утврдам дека позицијата на лидер и канцелар повеќе не може да се одржи. Ќе умрам со радост во срцето, свесен за немерливите дела и достигнувања на нашите војници на фронтот, нашите жени дома, достигнувањата на нашите земјоделци и работници, единствени во историјата, за нашата младина која го носи моето име.
Како што од дното на моето срце, јас ја изразувам мојата благодарност до сите вас, така очигледна е и мојата желба дека вие во никој случај не би требало да се откажете од борбата, туку да продолжите да ја водите против непријателите на татковината, без разлика која и да е вашата татковина.
Од жртвата на нашите војници и од мојата поврзаност со нив до смрт, ќе никне историјата на Германија, семето на блескавата ренесанса на Национал-Социјалистичкото движење и на тој начин реализацијата за вистинската заедница на сите народи.
Многу од најхрабрите мажи и жени одлучија да ги обединат нивните животи со мојот се до последниот, а јас ги молев и на крај им наредив да не го прават ова, туку да земат учество во понатамоѓната борба за нацијата. Ги молев шефовите на армиите, морнарицата и воздухопловните сили да го зајакнат со сите можни средства духот на отпорот на нашите војници во национал-социјалистичка смисла, со посебен осврт на фактот што и јас самиот, како основач и творец на ова движење, одбирам смрт наместо кукавичка абдикација или дури капитулација.
Во некое идно време, тоа ќе стане дел од кодот на честа на германски офицер – како што е веќе код на честа во морнарицата – дека предавање на област или град е невозможно и дека, над сѐ лидерите тука мораат да маршираат напред како светли примери, верно исполнувајќи ја својата должност до смрт.
Вториот дел од политичкиот тестамент
Пред мојата смрт јас го протерувам поранешниот Рајхмаршал Hermann Goering од партијата и го разрешувам од сите државни функции и исто така врз основа на мојата изјава во Рајхстагот на 1-ви септември 1939-та година го назначувам на негово место Grossadmiral Doenitz, претседател на Рајхот и врховен командант на вооружените сили. Пред мојата смрт го протерувам поранешниот Рајхмаршал – СС и министер за внатрешни работи Heinrich Himmler од партијата и го разрешувам од сите државни функции и на негово место го назначувам Karl Hanke како Рајхмаршал СС и шеф на германската полиција и Paul Giesler како министер за внатрешни работи.
На страна од нивната нелојалност кон мене, Геринг и Химлер нанесоа непоправлива штета за целата нација со тајното преговарање со моите непријатели, без мое знаење и против мојата волја, и исто така се обидоа да присвојат повеќе моќ за себе.
Со цел да го обезбедам германскиот народ со влада од чесни луѓе кои ќе ги исполнат задачите за престојната војна, јас, како лидер на нацијата, ги назначувам следните членови на новата влада (листа со 18 имиња).
Сите овие луѓе, меѓу кои и Мартин Борман, Д-р. Гебелс и други, заедно со своите сопруги, ми се придружија по своја сопствена волја, без желба да го напуштат главниот град под билокакви околности и подготвени се да умрат со мене, но јас морав да ги замолам да ги послушаат моите барања, да ги стават интересите на нацијата пред своите сопствени чувства.
По нивната работа и лојалното дружење тие ќе ми останат блиски и по смртта, како што се надевам дека мојот дух ќе продолжи да постои засекогаш меѓу нив. Пуштете ги да бидат тешки, но никогаш неправедни, и најмногу од се, никогаш не дозволувајте страв да влијае врз вашите дела и акции, честа на нацијата нека ви биде пред сè во светот. Конечно, оставете ги нека бидат свесни за фактот дека нашата задача за продолжување на изградбата на национал-социјалистичка држава, ја претставува работата на наредните векови, која на секој човек му поставува обврска секогаш да им служи на заедничките интереси и да ја потчини сопствената корист за оваа цел. Јас барам од сите Германци, од сите националсоцијалисти, од сите мажи, жени и сите мажи во вооружените сили да им бидат верни и послушни до смрт на новата влада и нејзиниот претседател.
И над сѐ ги задолжувам лидерите на нацијата и оние под нив на внимателно и коректно следење на законите на расите и на безмилосна опозиција кон универзалниот отров на сите народи – меѓународното Еврејство.
Берлин, 29-ти април, 1945-та година, 04:00 часот наутро

АДОЛФ ХИТЛЕР

Точка.мк

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top