| четврток, 6 декември 2018 |

Ким лут на Американците: Да ми се извините што сакавте да ме убиете!

САД се должни формално да се извинат и да ги казнат луѓето кои што подготвувале атентат на севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун.

Како што тврдат режимските гласила на севернокорејскиот лидер, Соединетите Американски Држави се должни формално да му се извинат на лидерот Ким Јонг Ун и да ги казнат луѓето кои што се подготвувале да организираат атентат на првиот човек на Северна Кореја.

Пјонгјанг ги обвинува САД и Јужна Кореја дека се обиделе да ја изолираат и да ја задушат нивната Република. Во соопштението, Вашингтон е наречен „задкулисен организатор на монструозни акти на државен тероризам против Северна Кореја, кој не може да мине неказнето“.

Министерството за државна безбедност ќе ги „исчисти“ разузнавачките организации на САД и Јужна Кореја и ќе ги ликвидира сите непријателски тајни агенти во земјата „се до последниот човек“, порачаа властите од Пјонгјанг.

Севернокорејците и претходно порачаа дека откриле тајна заедничка операција организирана од Соединетите Американски Држави и Јужна Кореја.
Според информациите на властите од Пјонгјанг, соработници на разузнавачките служби на овие две држави, планирале да изведат атентат на севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун со помош на биохемиски супстанци и во Северна Кореја имале инфилтрирано свои луѓе.
Белата куќа и ЦИА одбиле да го коментираат ова соопштение на севернокорејските власти.

Ситуацијата во Северна Кореја се влоши во последно време откако властите од Пјонгјанг започнаа со тестови на балистички ракети, а САД и Јужна Кореја исто така организираа големи воени вежби во Јапонското море. Инаку, од

Вашингтон не ја исклучуваат можноста за воен напад на Северна Кореја, иако нагласуваат дека приоритет ќе биде економскиот притисок и санкциите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top