| четврток, 6 декември 2018 |

МЗТ Скопје поведе во полуфиналето, Работнички и К. Соколи ќе доиграат денеска

Актуелниот кошаркарски шампион на Македонија, МЗТ Скопје, славеше во првиот натпревар од полуфиналната серија против Куманово, откако на домашен терен „соколите“ победија со 71:51 и поведоа со 1:0.

Второто полуфинале од плеј-офот во кошаркарскиот шампионат на Македонија меѓу Работнички и Карпош Соколи ќе биде доигранo попладнево од 19 часот. Средбата беше прекината после три четвртини при резултат 60:67 откако беа фрлени предмети на теренот, па судиите побараа празнење на една од трибините, а откако не дојде до истото го прекинаа мечот.

Трибината каде што се наоѓаат домашните навивачи зад еден од кошевите во „Градски парк“ требаше да се испразни, но не дојде до ова, па судиите одлучија да го прекинат мечот.

Со оглед на тоа што остануваат уште десет минути сосема извесно е дека гостите ќе бидат во предност така што ќе има возбудлива завршница на средбата.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top