Два автомобила се судрија вечерва кај зградата на македонското Собрание. Се работи за патничко и возило на такси-компанија, на кои предниците им се целосно уништени при ударот.
Полициски службеници само што започнаа увид на местото на несреќата. Официјални информации за повредени засега нема, но според очевидците, Брзата помош интервенирала за такси-возачот.
Фото: Република
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.