Германската агенција за бегалци и миграција врши ревизија на околу 2000 барања за азил по кои е одлучено позитивно и чии подносители веќе се стекнале со статусот бегалец во земјата.
Ревизијата на овие случаи започнала откако германските власти утврдија дека неонацист офицер на германската армија кој се регистрирал како бегалец добил заштита во земјата иако за тоа не исполннувал нту еден услов, јавува дописникот на МИА од Берлин. Истрагата треба да открие дали покрај офицерот и други лица ги злоупотребиле бенефициите на германскиот систем за заштита на бегалците.
„Издавањето на азил за офицерот Франко А. е флагрантна грешка која што не смеела да се случи“, вели портпаролот на агенцијата за миграции и бегалци Јоханес Димрот за весникот Франкфуртер Алгемајне Цајтунг.
Во ревизијата се вклучени по околу 1000 лица од Авганистан и Сирија кои што добиле статус на азиланти во периодот од 1 јануари до 27 април 2016 година, објавија денеска германските власти.
Германија сега се обидува да утврди дали меѓу нив има уште примери како 28 годишниот поручник во армијата планирал терористички напади врз бегалци. Тој без проблем добил азил иако не зборувал арапски јазик а кај властите се пријавил под името Давид Бенџамин кое што не е карактеристично за ниту една од земјите од каде што најмногу доаѓаат бегалците.
Најголем дел од извршителите на терористичките напади во Германија во последниве две години се дело на луѓе кои што добиле азил, се во процес на добивање на заштита или пак чекале да бидат депортирани во матичните земји.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст