| четврток, 6 декември 2018 |

Арнолд Шварценегер им влезе на туристи во фотографија во Париз (ФОТО)

Омилениот холивудски херој, 69 годишниот Анорлд Шварценегер, одлучи да влезе во фотографија на туристи кои сакаа да го овековечат својот пат во Париз, позирајќи пред Ајфеловата кула.

arnold-shvarceneger-3-640x643

Арнолд низ градот се возеше со велосипед кога погледна голема група туристи кои чекаат да бидат фотографирани, застана директно пред нив и ја „уништи фотографијата“.

-Мислев дека е тоа некој непристојен Американец. Но потоа дојде до нас и ни кажа: Фала што ми дозволивте да ви влезам во фотографијата, за потоа да замине, раскажа еден Тајланѓанец, кој патувал со групата.

Еден од нивната покасно го препознал актерот, па го повикал неговото име, но било прекасно.

Поранешниот гувернер на Калифорнија „инцидентната“ фотографија ја објави на Инстаграм, а на сите им порача низ Париз да возат велосипед, ако навистина сакаат да го доживеат.

Шварценегер беше во Франција за да ја прими претседателскиот медал „Chevalier de la Legion d’Honneur“. Медалот му го додели францускиот претседател Франсоа Оланд

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top