| четврток, 6 декември 2018 |

Што ќе се случи по смртта на кралицата Елизабета Втора?

Во Велика Британија се шпекулира за здравјето на британските монарси, со оглед на тоа дека кралскиот персонал од целата земја бил повикан во Бакингемската палата.

Портпаролот на палатата рекол дека состанокот не треба да предизвикува загриженост, но со оглед на возраста на 91-годишната кралица Елизабета и 95-годишниот принц Филип, природно е луѓето да се загрижени, пишува „Метро“.

Во случај на смрт на кралицата Елизабета Втора, Велика Британија би влегла во период на жалост, кој би траел најмалку 12 дена. Влијанието од нејзината смрт би било огромно и би променило многу работи, од финансиската индустрија до телевизиската програма.

Евентуалната смрт ќе ја погоди економијата и ќе влијае на пазарот со акциите и банките. Начинот на кој смртта би се објавила би зависел од тоа како монархот умрел. Ако смртта се очекува поради долга болест, планот би бил подготвен во случај на смрт.

„Би-Би-Си“ на своите канали би емитувал емисија само на таа тема, додека другите канали ја немаат таа обврска, иако сигурно ќе го прават истото. Ако смртта се случи одненадеж, или како во случајот со принцезата Дајана на јавно место, палатата ќе има мала контрола над ширењето на вестите. По првите вести за смртта, „Би-Би-Си“ ќе ги откаже сите планирани комедии до погребот.

Крал ќе стане принц Чарлс, кој е прв во ред за престолот. Зборовите во националната химна, новите поштенски марки и валутите ќе бидат направени и печатени за да укажат на доаѓањето на новиот крал. Пред погребот, телото на кралицата ќе биде изложено за јавноста во Вестмистер хол 24 часа дневно, до погребот.

Самиот погреб се очекува 12 дена по смртта и ќе биде емитуван на ТВ и интернет. Постојат неколку места што би можеле да бидат последното почивалиште на кралицата, а многумина шпекулираат дека тоа би можеле да бидат нејзините имоти во Баламорал или во Сандрингем. Некои сметаат дека нејзиното тело ќе биде погребано покрај нејзиниот тако Џорџ Шести во Виндзор.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top