„Република Македонија е окупирана. Во 1941 година Хитлер за свои локални контрактори ги имаше Бугарите и Албанците. Тие раководеа со институциите во окупираната земја и тие го воспоставија законот и поредокот. Што би рекол Заев, ги наполнија „институциите“ со свои лојални луѓе без фаци – од кафекуварки до министри. Окупаторската полиција со помош на домашни кодоши ги ловеше, апсеше и стрелаше патриотите. Во 2017 година окупатор е балистичкото друштво на СДС, УЧK модерна варијанта на ханџар-дивизијата и соросоидите произведени со парите на САД и на фашистот Сорос и „државотворната“. Од минатата недела окупаторската полиција ги лови, апси и суди македонските патриоти. Пак со помош на домашни кодоши. Република Македонија веќе не е држава со функционални институции. Таа повеќе нема Устав и закони. Нема шеф на држава, врховен командант, нема влада, нема собрание. Нема Уставен суд, нема полиција и армија. Нема Сојуз на борците ниту, пак, некакви си ветерани. Нема државно знаме и химна. Има некакви си згради и фасади кои се самоидентификуваат како државни и национални, политички и културни субјекти, ама во нив седат човеци кои се помалку од луѓе оти се без достоинство, без идентитет, немаат кредибилитет и интегритет. Џабе ги товиме. Има и еден црвено-жолт партал кој кутрите Македонци го веат мислејќи дека симболизира државност и националност, ама да потсетам дека тоа е само втиснато сеќавање кое не одговара на новата реалност во која сме втурнати насилно. Симболот сега е без суштина. Kако кога старите скопјани за локацијата на МПЦ викаат дека е „Радиобран“, за „Холидеј ин“ дека е „Гранд хотел“, за „Аминта Трети“ дека е „Ленинова“… Во Македонија во 1941 година Хитлер не можеше да кандиса некого со ум да биде квислинг. Во 2017 фашистите на конкурс си најдоа муртински квислинг без ум за да ја заврши највалканата работа“, пишува Мирка Велиновска во денешната колумна во „Дневник“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст