Мет Лебланк и неговата значително помлада девојка заблескале на црвениот тепих во Њујорк.
Славниот актер Мет Лебланк (49) кого сите го знаеме како Џои Трибијани од мегапопуларната серија „Пријатели“, за прв пат во јавност ја покажа својата девојка. Дури 17 години помладата бринета е Аурора Мулиган. Младата телевизиска продуцентка е по потекло од Северна Ирска. Вљубениот пар се појавил на Tribeca Film Festival во Њујорк.
Шпекулациите дека нивната соработка прераснала во љубов започнаа уште пред една година. Се чини дека гласините за нивната врска, сепак се покажаа како точни. Мет го бие глас дека е голем заводник, а јавноста отсекогаш била заинтересирана за неговиот приватен живот.
Мет беше во брак со Мелиса Мекнајт со која ја има ќерката Марина, но се разведоа после само три години брак. После неа, славниот актер беше во врска со Андреа Андрес, но и таа врска завршила со раскинување.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.