| четврток, 6 декември 2018 |

Китаровиќ: Неопходна е политичка стабилност и консензус

kolinda grabar kitarovic

Хрватската претседателка Колинда Грабар Китаровиќ изјави денеска дека без политичка стабилност и консензус на сите политички партии за најважните теми од кои зависи економското и социјалното издигнување на Хрватска, не може да се зборува за напредок на земјата.

Китаровиќ на конференцијата „Хрватска каква што ни треба -­ образование, наука и дигитална иднина“, наведе дека, за жал, политичката стабилност е разурната уште минатата недела. Хрватската претседателка оцени дека дури по развивањето на политичката стабилност ќе може да се посвети на решавањето на клучните национални проблеми ­ демографското обновување и реформите во образованието.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top