Ново поскапување на дел од цигарите од 5 до 10 денари. . Брендовите кои не добија повисока цена за Велигденските празници, од денеска се продаваат поскапо. Трговците велат – зголемувањето на цената били очекувано, кога веќе едни производители почнале да продаваат по повисока цена, трендот автоматски го следат и останатите.
– Поскапени се Бонд кои сега наместо 65 чинат 70 денари.. По 70 денари цена за кутија добија и Бренд, Ориентал , додека Честерфилд се продаваат наместо по 75 за 80 денари. Малборо лајт се зголемија за 10 денари, односно од 130 на 140 денари, Сан слим, од 80 на 85 денари додека по пет денари пред празниците поскапеа и „Вест“ (силвер, ред и вајт), „Волтер Вулф“ (блек и вајт) и „Ронхил Вејв“ (голд и блек), изјави трговец
Без промена на цената останаа само мал дел од најскапите бреноди, но за скоро се очекува нова цена за нив.
Од Царинската Управа велат дека ова зголемување на цената не е поради зголемената акциза. Најавената акциза од 0,20 денари за цигара или по 4 денари за кутија, ќе почне да се применува од 1 јули оваа година.
Производителите за сега не откриваат дали зголемувањето на цената ќе продолжи и за два месеци, или повисоката акциза ќе ја компензираат со денешното поскапување. За да се намали бројот на пушачи, Светската Здравстена Организација одлучи постепено, почнувајќи од 1 јили 2015 та година да се зголемува акцизата за цигарите. Токму повосоката цена годишно го намалува бројот на пушачи од 2 до 4%.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст